Од почетокот на вакцинирањето против сезонски грип, во Струмица се вакцинирани околу 1800 граѓани.
Вакцинацијата против сезонски грип ќе се врши на вакциналните пунктови во Центрите за јавно здравје, како и во поликлиниките каде нема вакцинација за Ковид 19, или наизменично со ковид вакцинацијата во поликлиники во Скопје.
Овие вакцини ќе можат да ги добијат стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од 6 месеци до 5 години.
-Веќе трета година по ред вакцината за овие групи граѓани е бесплатна. Поради зголемената побарувачка на вакцини против грип на глобално ниво, се прават напори количините на вакцини да пристигнат во што побрз рок. Нагласуваме дека не е доцна, граѓаните да се вакцинираат против грип во ноември или декември, бидејќи согласно епидемиолошките податоци, оваа болест во последните десетина сезони го достигнува пикот кон крајот на месец февруари. Пријавувањето за вакцинација против сезонски грип почнува од денеска преку страницата vakcinacija.mk.