Двете основни општински училишта ООУ „Гоце Делчев“, Василево и ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала, за потребите на наставата добија донација, таблети и проектори.
Таблетите, вкупно 63 од кои 23 за ООУ „Гоце Делчев“ и 40 за ООУ „Атанас Нивичански“ се обезбедени од Министерството за образование и наука и истите се наменети за учениците од социјално ранливи семејства, за нивно полесно вклопување во редовниот наставен процес.
„Проекторите се донација од дијаспората, за што училиштата и општината изразуваат посебна благодарност. Донацијата е добредојдена и секако ќе најде своја примена во реализирањето на наставните програми и содржини и ќе придонесе за нивно полесно совладување“, изјави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во врска со донациите на училиштата.