Донесени се наставните програми за прво одделение за основното образование
Во текот на целиот процес на изработка на програмите, работните групи се консултираа и со експерти од области на коишто се темели новата Концепција: родовата еднаквост, инклузивноста и мултикултурализмот, како и за заштитата на животната средина, почитување и заштита на правата и слично. Целата работа на работните групи беше координирана и водена од дел од експертите кои ја подготвуваа Концепцијата за да се обезбеди усогласеност на наставните програми со Концепцијата и со сите стратегии и пристапи на настава и учење коишто се промовираат со неа.
Новите наставни програми за прво одделение се изработија врз основа на Националните стандарди донесени од страна на Министерството за образование и наука во февруари оваа година, а кои беа подготвувани од Бирото за развој на образованието во изминатите две години.