Денес во струмичката болница пристигна динацијата од Кувајт која пред педесеттина дена беше ветена од Амбасадата на државата со седиште во Бугарија.
Донацијата се состои од:- EBUS (ендобронхијален ултразвук) систем fujifilm – бронхоскоп и гастроскоп- EHO апарат (со ехо на дојка) Fukuda Denshi
Од Управата велат дека донацијата од Кувајт ќе значи олеснување на пристапот за лекување , односно рана дијагностика и третман на пациентите со патологии кои ќе бидат третирани на соодветен начин.
Во Струмица наскоро комплетна модларната болница. Оваа е најавата од управата на оваа здравствена установа, по реакциите на граѓаните дека не е завршена иако беше планирана да биде готова до Нова година.
Засега во регионот состојбата со ковид-19 е стабилна. Се намалува бројот на новозаразени лица, а според здравствените власти во Македонија ќе има вакцини за милион граѓани.