Веб камерата на граничниот премин Богородица во 9.22 часот покажува долга колона за влез на возила во Грција. Како и во изминатите години, јули и август се месеците кога и најмногу се чека на овој граничен премин низ кој минуваат голем број туристи не само од Македонија, туку и од Србија, како и од повеќе земји на западна и средна Европа.
Камерите на останатите гранични премини не покажуваат поголема фреквенција на возила.