• Fri. Nov 22nd, 2024

Доларот ја надмина вредноста на еврото

По вторпат оваа година, еврото падна под вредноста на американскиот долар во понеделникот, со што достигна најниско ниво во последните 20 години бидејќи се интензивираше загриженоста од влошување на енергетската криза и од дополнително заострување на монетарната политика на САД.

Еврото падна под вредноста на американскиот долар во понеделникот, по вторпат оваа година, бидејќи се интензивираше загриженоста од влошување на енергетската криза и од дополнително заострување на монетарната политика на САД. Еврото на девизниот пазар се тргуваше по цена од 0,9953 долари, наведува „Синхуа“.

Референтните цени на гасот во Европската Унија се зголемија за 13 отсто во текот на ноќта, на рекордно највисоко ниво, со што двојно се зголемија за само еден месец и сега се 14 пати повисоки од просекот во изминатата деценија.

Аналитичари на американската „Сити банк“ во понеделникот предупредија дека инфлацијата во Велика Британија може да достигне 18 отсто доколку цените на енергијата не се ограничат, што е повеќе од деветпати од прогнозата на Банката на Англија. Инфлацијата на потрошувачките цени последен пат достигна такво ниво во 1976 година.

Еден аналитичар рече дека енергетска ситуација сугерира дека врвот на инфлацијата сè уште не е достигнат, со висок ризик таа да остане висока некое време без интервенција на централната банка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *