Полни капацитети и десетина илјади гости. Вакви се проценките за посетата на Дојран за продолжениот викенд за Илинден. Од општината велат дека градот е подготвен да ги пречека.
Топлото време не ги спречува бројните гости да се капат во Дојранското езеро. Долж крајбрежјето е полно со туристи.
За луѓето што летуваат тука, Дојран станал традиција. Најчесто овде се редовни гости кои се задоволни од услугата, климата но и цените.
„Многу е убаво, Дојран ни е бисер како што ни е и Охрид. Треба тука да си доаѓаме, а и полно е Македонци. Цените се како да си дома,“ вели турист.
За поголема забава на гостите, Дојран ги враќа и забавите на отворено и фестивалите. Дел ги организира општината а некои се и настани на продукциски компании.