• Thu. Nov 21st, 2024

Дојран преполн за Први мај

Илјадици гости пристигнаа во Дојран за Први мај. Променливото време и повремениот дожд не ги исплаши туристите да го посетат Дојран за првомајските празници. Гости од сите градови на државата, но и странци овој продолжен викенд одмораат покрај Дојранското Езеро. Велат пријатната клима и доброрасположените домаќини им биле пресудни да му се навраќаат.

Градоначалникот смета дека овие два празнични викенда, Велигден и Први мај, се навестување на одлична туристичка сезона. Подобра од ланската, бидејќи и повеќе туристи ќе гравитираат кон соседна Грција, што значи повеќе попатни ноќевања и посети и за Дојран.

Атрактивноста на Дојран расте, а за тоа се потврда и енромниот скок на градежното земјиште и недвижнините во оваа општина. Цената на метар квадратен неизградено градежно земјиште достигнува од 50 до 100 евра за метар квадратен, а ако има готов објект и неколкукратно повеќе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *