Дојран се надева дека со отворањето на границите, оваа сезона повторно ќе има голем број посетители од соседна Србија. Оваа сезона Дојран планира бенефиции за српски туристи. За српските туристи, вели градоначалникот Ангов, предвидени се одредени бенефиции. Инаку, градот забрзано се подготвува за туристичката сезона и според локалната власт, минатогодишното искуство за летување во време на пандемија им е драгоцено за планирањето ан оваа сезона.