• Fri. Nov 22nd, 2024

Дојран ќе се претстави на саемот за туризам во Белград

Следиот месец, од 24 до 27 март, општина Дојран ќе се претстави на саемот за туризам во Белград, Република Србија. Оваа вест ја објави градоначалникот на оваа општина, Анго Ангов.

„По тој повод, денес остваривме средба со директорот на Агенцијата за туризам, ги поканивме и угостителите, и хотелиерите кои функционираат на територија на општината и ги договориме деталите за нашата презентација на саемот,“ објави Ангов.

Во следниот период ќе се организираат средби со приватните сместувачки капацитети, кои ќе имаат можност да ги достават нивните промотивни материјали за саемот.

На површина од 30.753 м2, со повеќе од 1000 изложувачи и просечно над 65.000 посетители, саемот за туризам во Белград претставува еден од најголемите и најпосетените во регионот.

„Несомнено е дека Србија претставува значаен туристички пазар пред кого треба добро да се претставиме, не само поради српските транзитни туристи кои од година во година ги имаме се повеќе, туку и поради фактот што Дојран станува примамлива дестинација за нив и за подолг престој, одмор и релаксација,“ објасни Ангов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *