• Fri. Nov 22nd, 2024

Дојран гурман фест ќе се одржи в недела

Дојран гурман фест ќе се одржи в недела. Фестивалот на традиционална храна и музика и оваа година ќе ги прикаже гастрономските специјалитети приготвени од вредните дојрански домаќинки. Градоначалникот Ангов објави дека настанот е со почеток од 19.00 часот на тениското игралиште во основното училиште Кочо Рацин во Нов Дојран.

„За посетителите на настанот како и изминатите години, специјалитетите ќе бидат подготвени од вештите раце на домаќинките – членки на здружението на жени “Дојрана”, кои воедно ќе ја подготват и трпезата која ќе изобилува со врвни традиционални јадења. На менито ќе бидат традиционалните јадења како крап во тава, перкија, белвица и сом, нема да изостанат и вкусните пекарски производи, а за искуството да биде целосно, познататата дојранска баклава и татлија неизбежно ќе се најдат на софрата. Дојран Гурман фест ќе понуди и богата забавна програма. Музичарите од “Мерак меана” ќе направат настанот да биде вистинско уживање за сите сетила.

Настанот се организира со голем ентузијазам и љубов, а целта е да се промовира целокупната туристичка понуда на Дојран. Дојран Гурман Фест е во организација на здружението на жени “Дојрана” од Нов Дојран и Општина Дојран“, вели Ангов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *