• Fri. Nov 22nd, 2024

Договорен увоз на пченица од Бугарија

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, кој учествуваше на министерската конференција во Берлин и Дијалогот за земјоделска политика меѓу Германија и Западен Балкан, објави дека е договорен увоз на дополнителни количини на пченица од Бугарија.

„Доцна вечерва би сакал да ја соопштам и оваа позитивна вест директно од овде, од Берлин. Со мојот колега, министерот за земјоделие на Република Бугарија, Иван Иванов, договоривме дека од Република Бугарија ќе обезбедиме дополнителни количества на пченица.

Заедно со нашите соседи на ваков начин градиме вистинско добрососедство и сплотени многу полесно ќе ја пребродиме и ќе се справиме со постоечката криза“, напиша Николовски на Фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *