• Fri. Nov 22nd, 2024

Доделување на орден и медал

По повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката. Претседателот Стево Пендаровски, денеска на свечена церемонија ги додели одликувањата Орден на Република Северна Македонија, Орден за воени заслуги и Медал за храброст.

Орден на Република Северна Македонија, постхумно беше одликуван Крсте Црвенковски, за својот особен, стратешки, долготраен и неповторлив придонес во втемелувањето.

Неговата визија и неговиот конкретен влог во формирањето на македонското општество, културата и на политичката прогресивна е од непроценливо значење. Црвенковски активно се застапува за рамноправноста и за посебноста на народите и на плуралистичките културни идентитети во општеството, како и за легитимните интереси на републиките и на нивните народи и народности, како основа за градење на сојузната политика.

Тој е еден од најзначајните, најпрогресивните и водечките политичари во историјата на македонската државност. Тој остава трајни вредности во развојот на политичката култура.

Орден за воени заслуги, претседателот постхумно ја одликува Невена Николова Георгиева – Дуња. За извонредната храброст, пожртвуваноста, непоколебливоста и за лидерската улога во антифашистичката борба во работничките и во синдикалните движења. Тие движења се застапувале за социјална правда, со што ја задолжи нашата држава со своето херојско дело и со својот пример за посветеност на заедничката цел и на заедничката борба за подобар и поправеден свет.

Невена Николова Георгиева-Дуња е првата македонска партизанка, којашто била дел од Народноослободителната војна. Таа е пример за тоа дека младоста во заедништво со зрелоста, истрајноста и со посветеноста се предуслов за создавање прогресивни општествени и идеолошки наративи.

Со Медал за храброст беа одликувани: Н. Стојановски, Ј. Величковски, Т. Аврамовска (постхумно), И. Дуновски, Н. Николоски, Ц. Цветкоски, К. Џафери и Д. Богоева. Осумтемина се одликуваат за пожртвуваноста, за истрајната борбеност и за животната посветеност на високите цели на заедницата, како и за целокупниот влог во Народноослободителната борба, што се согледува низ нивните карактеристики, а и низ карактеристиките на голем број генерации борци, кои не ги штедеа своите животи за слободата, втемелувајќи ги основните насоки за градење на државата.

извор: макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *