• Fri. Nov 22nd, 2024

Доаѓа американскиот помошник-државен секретар за европски прашања

Помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид, денеска (28 април) ќе престојува во посета на Северна Македонија, каде што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Како што информираат од МНР, во фокусот на разговорите се очекува да бидат билатералните односи меѓу двете земји, евроинтегративните перспективи на Северна Македонија, соработката во НАТО и актуелните состојби во земјата и регионот.

Во рамките на посетата најавени се средби на Донфрид и со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *