Министерот Венко Филипче најави дека до крај на месецов во Македонија се очекува да пристигнат 600.000 вакцини.
– Од производителот „Фајзер“ преку Ковакс системот 100.000 вакцини ќе стигнат на 28 јуни, половина од порачаните вакцини „Синовак“ од Кина ќе бидат испорачани на 27 или 28 јуни, а до крајот на месецов ќе дојде и останатата пратка од 250.000 кинески вакцини – вели министерот Филипче.
извор:https://plusinfo.mk/do-kra-ot-na-mesecot-pristignuvaat-600-000-vakcini/