• Fri. Nov 22nd, 2024

До 30 илјади денари грант за училиштата да го унапредуваат мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција

Министерството за образование и наука распиша Јавен повик за основни и средни училишта на кој ќе се изберат најдобрите пријави кои ќе содржат активности за развој на мултијултурализмот, меѓуетничката толеранција иинтеграција. Грантовите ќе бидат доделени на вкупно  95 училиштата, од кои 70 основни и 25 средни училишта, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми.

Ги охрабруваме училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците, кои реализираат настава на различни наставни јазици. Проектите треба да се во насока на промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на  почитување на разликите, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент, велат од МОН.

Аплицирањето трае до 9.12.2022 година, а пријавувањето може да се направи на следниот линк

За аплицирање на Јавниот повик кој е поставен на MC Forms, потребно е училиштата да бидат најавени со официјалните кориснички сметки на @schools.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *