• Sat. Nov 23rd, 2024

До 10 септември е рокот за пријави за финансиска поддршка на социјални претпријатија

Сите заинтересирани за финансиска поддршка на социјални претпријатија на повикот во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување” можат да се пријават најдоцна до 10 септември. Повикот за финансиска поддршка беше отворен на 10 август, а се очекува на ваков начин да се придонесе кон намалување на стапката на невработеност на младите лица, зголемување на бројот на инклузивни даватели на социјални услуги водени од млади, како и зголемена проодност на ранливи категории на млади на пазарот на труд.

-Во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, на 10 август годинава Националниот младински совет на Македонија отвори повик за финансиска поддршка на социјални претпријатија кој има за цел да го зголеми квалитетот на младите лица во Република Северна Македонија преку нивно активирање во инклузивни социјални услуги, развој на иновативни технологии за инклузија на млади лица од ранливи категории и да поттикне економско зајакнување на социјални претпријатија предводени од млади, информираат од Националниот младински совет на Македонија.

Предвидено е да се обезбеди финансиска поддршка за апликации кои ќе се фокусираат на една од следните две области и тоа – креирање на нови младински социјални претпријатија и развој на иновативни технологии и унапредување на услуги/сервиси на постоечки социјални претпријатија кои помагаат за инклузија и вработување на млади Роми, млади без родителска грижа, млади со попречености, млади девојки, млади – излечени зависници од дрога.

Вкупната сума за овој повик е 110.000 евра. Минималната сума која може да биде побарана е 5.000 евра, а максималната е 11.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *