Грчките власти потврдија: До 1 мај влез во Грција по исти правила. И понатаму е задолжителен сертификат за вакцинација, или за прележан ковид-19 или негативен резултат од ПЦР или рапид тест. Овие мерки важат и за државјаните на Македонија.
Новата министерска одлука„ Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширење на Ковид-19“ веќе е објавена во Службен весник и од утрово стапи на сила. Ќе важи до 1 мај 2022.