• Sun. Nov 24th, 2024

Џафери ќе ги распише локалните избори на крајот на јули или почетокот на август

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави дека на крајот на јули или почетокот на август ќе ги распише локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври, во зависност од информациите за завршувањето на мандатите на градоначалниците.

Џафери на средба со новинарите, образложи дека ако се оствари најавата за 17 октомври како оптимален датум за првиот изборен круг, почетокот на кампањата би се совпаднал со последните денови од пописот кој што завршува на 30 септември. Доколку изборите се до две недели подоцна, на повеќето од градоначалниците и советниците ќе им бидат истечени мандатите.

Редовни избори треба да бидат распишани во последните 90 дена од мандатот на актуелните градоначалници и советници, но не повеќе од 70 дена пред истекот на мандатот. На половина од градоначалниците, четиригодишните мандати им биле потврдени околу 18 октомври 2017 година, додека на оние кои беа избрани во вториот круг – кон почетокот на ноември 2017 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *