• Fri. Nov 22nd, 2024

Дизелот поскапува, бензините со иста цена

Новите цени што ги одредува регулаторна предвидуваат поскапување на дизелот, но иста цена за бензините. Со новите измени кои стапуваат на сила, вака изгледа цената на дериватите.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 ден/кг и сега ќе изнесува 53,343 ден/кг.

Од 2.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 98,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 53,343 (денари/килограм)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *