• Fri. Nov 22nd, 2024

Димитров во официјална посета на Словенија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре (среда, 31 март 2021 г.) ќе престојува во официјална посета на Љубљана.

Предвидено е вицепремиерот Димитров да оствари средби со словенечкиот претседател Борут Пахор, министерот за надворешни работи Анже Логар,. Со претставниците на Комитетот за европски работи во словенечкиот парламент.

Со пратениците од Комитетот за надворешна политика, а меѓу соговорниците за европската иднина на Северна Македонија, ќе бидат и европратеничката Тања Фајон со која Димитров исто така ќе се сретне за време на официјалната посета, стои во писмената информација од МНР.

Темите за разговор со словенечките соговорници ќе бидат на иста линија како и разговорите во Германија, дотолку повеќе што Словенија ќе го преземе кормилото со Советот на ЕУ во втората половина од оваа година, а двете земји имаат тесна соработка во рамки на актуелното Трио.

Поконкретно ќе се разговара за приоритетите на словенечкото претседателство особено проширувањето на ЕУ кое што е високо на нивната нивната агенда.  


На средбите ќе се отворат теми повразни со билатералната помош која што во континуитет ја добиваме од Република Словенија, како наш традиционален партнер и поддржувач и која дава значителен придонес како за ЕУ реформите, така и за конкретни инфраструктурни проекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *