• Fri. Nov 22nd, 2024

Димитров: Благодариме за солидарноста

Денеска стапува на сила трипартитниот договор помеѓу Северна Македонија, Австрија и Фајзер/БиоНТек за набавка на 119.600 дози вакцини против Ковид-19. 

По најавата од Европската комисија во декември минатата година за обезбедување на механизам за распределба на вакцини за земјите од Западниот Балкан преку репрограмирање на ИПА средства во износ од 70 милиони евра, информираме дека денеска стапува на сила трипартитниот договор.

Со договорот помеѓу Северна Македонија, Австрија и Фајзер/БиоНТек ќе се набават 119.600 дози вакцини против Ковид-19. 

„Им благодариме на пријателска Австрија, останатите земји членки и Европската комисија за солидарноста. Оваа помош за македонските граѓани немаше да биде возможна без несебичното залагање на австрискиот МНР Шаленберг и еврокомесарот Вархеји. На кои би сакал и лично да им се заблагодарам, особено имајќи го предвид предизвикот за обезбедување на вакцини, како во ЕУ земјите членки, така и глобално.“ 

Со овој договор не се исцрпуваат сите средства, со оглед на тоа дека во рамките на механизмот на Северна Македонија ѝ беа распределени 8,19 милиони евра.

Владата, во соработка со Европската комисија, ќе продолжи со преговорите за потпишување дополнителни трипартитни договори до конечно исцрпување на грант средствата.

Оваа конкретна набавка ќе биде испорачана во четири месечни наврати, почнувајќи од првата недела во мај, кога се очекуваат околу 19,000 дози.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *