• Fri. Nov 22nd, 2024

Димитар Рингачев доби трета награда на Меѓународен ликовен конкурс во Полска

Младиот Рингачев бил единствен основец од Струмица кој испратил свој цртеж на Меѓународниот конкурс што го организира градот Лечица од Полска. Но, неговиот талент го препознало меѓународното жири од седум земји кое му ја доделило и третата награда во категорија од 12-15 години. Покрај Рингачев, учествувале уште шестмина средношколци од СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица. Ментор на сите ученици е професорката и ликовен уметник Љупка Галазка-Василева.

Наградениот цртеж на Димитар но и останатите 34 селектирани во најтесна конкуренција се изложени во просториите на EU House Струмица. Изложбата на тема ,,Моето семејство, мојот дом, мојата земја“ се отвори во саботата кога се додели и наградата на Димитар Рингачев.

Се работи за трета по ред изложба на детски сликарски дела на деца од 11 земји , од кои во потесен круг се селектирани 34 дела, избрани од меѓународно жири од седум земји . Организатор на конкурсот е Центарот за култура во градот Лечица, Полска.