Агапи Дика, претседатеката на Собранието на „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски, на сведочењето во судот кажа дека потпишувала договори за проекти на здружението, но, само формално.
Таа рече дека одела во просториите на „Меѓународен сојуз“ по повик и не присуствувала на состаноците помеѓу компаниите “Дрим билдинг” и “Пелистер”. За сумите на договорите дознала откако биле потпишани. Таа посочи повеќе функционери и претставници на инсистуции кои присуствувале на состаноците кои ги одржувал Меѓународниот сојуз.
„ Доаѓаа луѓе да нудат проекти. Не сум била присутна кога нуделе. Фросина доаѓаше во „Меѓународниот сојуз“ неколку пати. Јас што сум ја видела. Ги имам видено сопственикот на “Пелистер” и сопственикот на ‘Дрим Билдинг’. Имаше ептен добри презентации од двете фирми. Дојде до склучување на договори. Се имам потпишувано на тие договори бидејќи верувам во тие проекти.
Ги видов проектите, со архитетки од ‘Пелистер’ и „Меѓународниот сојуз“. Требаше да се започне со реализација, но не се започна. „Меѓународниот сојуз“ беше тука за менаџирање во странство. Не знам од кои причини, не можам да се сетам. Доаѓаше Љиљана Тодоровска. Вториот пат Бојан ми рече да ѝ кажам да си оди без да ми ја каже причината. Ми беше незгодно, но ѝ кажав. Се реализираа проекти, носевме храна на социјално ранливи категории. Не ми било кажано од каде пари за овие проекти, не сум учествувала во преговарање. Јас износите за “Пелистер” и “Дрим билдинг”, не ги знаев, подоцна дознав. Викнете ги сопствениците и прашјте ги. Можам да избројам колку пати сум била во Меѓународниот сојуз. Два при Чифлиганец и тука сум присуствувала. Имаше плац во населба Илинден и сакаше тука да прави старечки домови. Отиде делегација да види и не чинеше нешто земјиштето”, рече Дика.