Утре ќе бидат воспоставени дополнителни дежурства во јавните обвинителства, за следење за нерегуларности поврзани со изборите.
Ова е дел од работата на новоформирамата привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори.
Јавниот обвинител во Јавното обвинителство, Џељаљ Бајрами, е определен за претседател на комисијата. Членови се јавни обвинители од вишите јавни обвинителства и Основното јавно обвинителство Скопје.