Детското фестивалче „Си-До“ во петок доаѓа во Струмица. Во спортската сала „Парк“ ќе може да се слушнат песничките од овој фестивал за деца.
СИ-ДО – битолски детски музички фестивал се роди како резултат на долгогодишната музичка традиција на Битола. Имено, во изминатиот половина век, па сè до денес, во Битола делуваа неколку организации и асоцијации коишто непосредно се ангажирани со грижата за воспитување на децата. Една од тие организации беше пионерскиот центар до 1996, а од 2005 е здружението на граѓани од областа на културата Промедиа Битола.
За сите заинтересирани да присуствуваат, може да се обратат на Ице Димитриев 070 745 777.