• Fri. Nov 22nd, 2024

Детска организација не сака Роналдо да им биде амбасадор по неговиот инцидент со аутистичното момче

Детска организација се дистанцираше од португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо откако тој удри аутистично дете по раката и му го скрши телефонот.

Детската добротворна организација „Спасете ги децата“ (Save the Children) одлучила Кристијано Роналдо веќе да не биде нивни амбасадор по „нападот“ кој ѕвездата на Манчестер јунајтед го имаше над 14-годишниот навивач на Евертон, кому му го скрши мобилниот телефон по 1:0 поразот на „Гудисон парк“.

Снимките на социјалните мрежи го покажуваат Роналдо како го избива телефонот од раце на 14-годишниот Џејк Хардинг, кој има аутизам, а полицијата потврди дека го испитува инцидентот. Роналдо веднаш се извини преку социјалните мрежи и ги покани навивачот на меч на „Олд Трафорд“, но неговата мајка Сара Кели изјави дека такво нешто нема да се случи и дека Џејк не сака да го види Ронало.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *