• Thu. Nov 21st, 2024

Деспотовски очекува рекордна година во технолошките зони

Економијата во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) и покрај предизвиците го одржува трендот на добри резултати. Во првите три квартали годинава е регистриран вкупен извоз од 2,8 милијарди евра, а само во септември извозот достигнал половина милијарди евра, рече денеска директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Посебно радува фактот, напомена Деспотовски, што продолжува да расте и бројот на работни места.

Директорот очекува рекордна година во зоните од аспект на економската активност.

-Бројот на работни места во зоните продолжува да расне и во септември. Во почетокот на годината беше 14 100, а во септември заврши со 15 600 што е зголемување од 12 отсто. Очекувам овој тренд да проодлжи зашто се зголемува и обемот на активности. Економијата во зоните и покрај предизвиците го одржува трендот на добри резултати. Во септември извозот беше половина милијарди евра и ова досега е најдобриот месец, и од апскет на извозот и од аспект на увозот. Во првите три квартали годинава, пак, е регистриран вкупен извоз од 2,8 милијарди евра, а лани цела година беше три милијарди евра. Тоа значи дека оваа бројка ќе ја надминеме и повторно ќе имаме рекордна година од аспект на економска активност. Увозот расте, но со побавна динамика, а разликата со извозот се задржува на стабилни 13 проценти, нагласи Деспотовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *