Десетина српски пејачи заработија околу половина милион евра за новогодишната ноќ. Најплатена е Цеца која за својот настап на Златибор заработи 100 000 евра. Веднаш по неа е Лепа Брена со 80 000 евра.
Следни на листата се Ацо Пејовиќ и Аца Лукас со заработка од 70.000 евра. Висока заработка остварила и јелена Карлеуша, со 60 000 евра з анастап во хотел. Пејачот Џани имал тезга вредна 40.000 евра, а на заеднички настап Дарко Лазиќ и Андриана Цекиќ заработија 75 000 евра.
Сека Алексиќ и Слаџа пееја во две места, хотел и клуб. Си ги заменија местата пред полноќ и заработија секоја по 25 000 евра.