Десет отсто од фирмите не исплатиле февруарска плата. Тука се и самостојните вршители на дејност. Тие исто така не успеале да им исплатат плата на вработените, соопшти директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.
За овој месец, прифатени се 63.948 пресметки од компаниите и самостојните вршители на дејност, а 6.888 работодавци немаат исплатено плата, односно 10,7 проценти.
Лукаревска рече дека УЈП има предвид оти финансиската помош за февруари не стигнала, а дека компаниите тоа го планирале. Затоа, Лукаревска апелира што побргу да се донесат економските мерки во Собранието од петтиот економски пакет.
Носењето на петтиот пакет мерки е заглавен во собраниска процедура.
извор: Макфакс