На барање на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на почетокот на февруари ја почнала постапката за обезбедување на заем од меѓународните финансиски институции за воспоставување на регионални системи за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион. За оваа цел, ќе бидат неопходни над 55,3 милиони евра, со кои ќе може да се започне изградбата на основната инфраструктура за управување со отпадот, информираат од ова министерство, пишува порталот Мета
Веќе со години е закочена постапката околу изградба на регионална депонија во Југоистокот која треба да биде кај населеното место Добрашинци. Таму според планот треба да се депонир и преработува отпадот од сите 10 општини од Југоисточниот регион откако ќе се прави селекција на истиот. Се претпоставува дека во Југоистокот годишно се фрла над 20 илјади тони биоразградлив отпад
Десетте општини од Југоистокот во 2012 одлучија да преговараат со австриската компанија „АСА Интернешнел“, како единствена фирма што се јави на објавениот конкурс. Преку конкурентен дијалог се пеглаа разликите и се прецизираа условите под кои требаше Австријците да влезат во бизнисот со управување на отпадот. Запнаа околу цените за собирање на отпадот од домаќинствата , по што градоначалниците едногласно донесоа одлука за прекин на преговорите.