• Fri. Nov 22nd, 2024

Денот на народното востание, 11 октомври неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 11 октомври 2023 година, среда, Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.