• Sun. Nov 24th, 2024

Денеска во Србија продолжува ревакцинирањето на македонските државјани

By

Jun 20, 2021

Во Белград и Ниш вчера и денес се ревакцинираат најголемиот број од околу 15.000 македонски државјани кои кон крајот на март ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека”, а продолжува и слободната вакцинација за нашите граѓани на вакциналните пунктови ширум Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

На Белградскиот саем, во салите 3 и 11 од 8 часот вчера наутро почна ревакцинацијата за македонските државјани и останатите странски граѓани, најмногу од БИХ, каде се создадоа долги редови, и до вчера наутро на саемот веќе се вакцинирале 2.500 лица од регионот. Процесот на ревакцинација ќе се одвива со продолжено работно време, како и во недела до 17 часот.

Како што најавија од вакциналниот пункт на Белградски саем, денеска треба да се ревакцинираат 5.000 странски државјани.

Македонските државјани кои можат да се ревакцинраат викендов во Србија само во градот каде ја примиле првата доза, се ревакцинираат и во Ниш, во салата Чаир, а термин за повторна вакцинација имаат 5.700 македонски граѓани кои во март во Ниш ја примија „Астра Зенека”, кога вакцинирањето беше организирано преку Регионалната стопанска комора.

извор:ttps://www.biznisvesti.mk/deneska-so-srbija-prodolzhuva-revaktsiniraneto-na-makedonskite-drzhavjani/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *