• Thu. Nov 21st, 2024

Денеска трет ден дебатата за кризната состојба во енергетика

Денеска ќе продолжи дебатата во собраниската Комисија за одбрана и безбедност за кризна состојба во енергетиката.Тоа ќе биде трет ден расправа во матичната комисија, а по нејзиното завршување на пленарна седница ќе може да се гласа да продолжи уште половина година кризната состојба во оваа област, што е во сила со одлука на Владата од 1 септември.

Владата со соседните земји постигнува договори за гарантиран увоз на струја и енергенси, но тие би се користеле само ако се исцрпат домашните извори на енергија.Според Битиќи, Владата е посветена на обезбедување доволно енергенси за претстојната зима и потсети дека државата со 80 отсто ја субвенционира цената на електричната енергија за сите корисници на регулираниот пазар.

На билетаралната средба во Њујорк на премиерот Димитар Ковачевски и на министерот за надворешни работи на Азербејџан се разговараше за енергетската криза и можностите за соработка во делот на обезбедување енергенси и можноста за приклучување на гасоводната мрежа.

-За Владата на Република Северна Македонија, изградбата на национален гасоводен систем и неговото поврзување со регионалните гасоводни системи е приоритет, потенцираа Според вицепремиерот Битиќи,  во период на криза како сегашната дури и влегувањето во рецесија не е најстрашното што може да се случи, а важно е да имаат ефект одлуките што ги носат сите чинители. На крај на годината, смета Битиќи, просечната годишна инфлација ќе биде 10 до 11 проценти, што потенцираше дека е доста добра стапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *