Денеска се вакцинираат лицата на 73 и 74 години. Станува збор за граѓани пријавени преку сајтот www.vakcinacija.mk или преку матичните лекари.
Во „А1-арената Борис Трајковски“ во Скопје вчера заврши вакцинирањето на вработените во критичната инфраструктура. Досега се вакцинирани речиси 30.000 граѓани.
„Фреквенцијата на спроведување вакцинирање е нешто зголемена во изминатите денови и од 700 до 800 вакцинирани дневно, сега има 1.000 до 1.500 вакцинирани и во согласност со пријавените термини тоа се спроведува во сите градови“, истакна вчера Филипче.
Тој нагласи дека како ќе доаѓаат вакцини, така ќе се надополнуваат системите. Како што информира, од компанијата „Фајзер“ преку директен договор на 19 и 26 април треба да стигнат по 10.000 дози.
Исто така, се очекува и информација од руската амбасада за дополнителни количини од вакцината „спутник“, а до крајот на месецот би требало да пристигнат 76.000 дози од „Астра зенека“.
извор:Макфакс