• Fri. Nov 22nd, 2024

Денеска ќе пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во Бугарија

Денеска се очекува со два воено-транспортни авиони да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната автобуска несреќа во Бугарија.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи, по пристигнувањето поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

„ Во периодот од 10 до 13 часот, граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег, како и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот, веднаш до плоштадот, во периодот меѓу 11 и 12 часот“, се наведва во соопштението.

На плоштадот ќе биде поставен и видеобим, од каде граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *