Денеска и утре во Охрид ќе се одржи дводневен самит на иницијативата „Отворен Балкан“, во чиј фокус ќе бидат културата и туризмот.
На самитот ќе учествуваат македонскиот премиер Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија, Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ, а свое учество најави и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
За денеска предвидена е работна вечера на премиерите на Ковачевски, Рама, Вучиќ, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.
Самитот на Отворен Балкан во Охрид, стартува на 8 јуни 2022 година (среда) со почеток во 10:00 часот, со официјални обраќања на премиерите на Македонија Димитар Ковачевски, на Албанија Еди Рама, како и на претседателот на Србија Александар Вучиќ. Годинава на Самитот учествуваат и Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во Охрид пристигнуваат и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, како и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, кои исто така ќе имаат официјални обраќања. Видео порака ќе има заменикот помошник на државниот секретар на САД Габриел Ескобар.