• Fri. Nov 22nd, 2024

Денеска „Ѓура Мара“ во Миравци

На третиот ден од Велигден и оваа година во Миравци ќе се одржи традиционалната манифестација „Ѓура Мара“, која привлекува голем број гости.

Низ песна и игра месното население, а пред се младите, ја продолжуваат оваа фолклорна традиција која го симболизира непокорот и отпорот на македонскиот народ. Орото го симболизира грабнувањето на убавата мома Мара, за чие спасување нејзиниот брат го жртвувал животот. По традиција го играат само девојки и повозрасни жени кои не дозволуваат маж да заигра во орото.

Покровители на манифестацијата се Министерството за култура на Република Македонија и градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов.

Оваа година гости на друштвото „Танец“ ќе бидат Друштвото за изворен фолклор „Копривнички Иванец“ од Копривница, Република Хрватска, како и делегација на КУД „Паја Зариќ“ од Инџија, Република Србија.