• Fri. Nov 22nd, 2024

Денеска е Велигден. Христијаните го одбележуваат Воскресението на Исус Христос. Празник што симболизира победа на животот над смртта.

Според евангелието, настанот се случил на гробот на Христос, а радосната вест на жените мироносници им ја соопштил архангелот Гаврил.

Според одлуката на Никејскиот собор (325 година), што го почитуваат сите православни цркви, Велигден се слави во првата недела на полната месечина по пролетната рамноденица, но секогаш по еврејската Пасха.

Според христијанското предние, Исус умрел во деновите на Пасха. Во некои јазици оовој назив се задржал и за праникот на неговото воскреснување.

Јајцето како симбол

Јајцето е симбол на  обновување на природата и животот. Црвеното јајце значи радост и за оние кое го даваат и кои го добиваат.

Првото бојадисано јајце се нарекува „чувар на домот“.

Според преданијата, првите јајца на царот Тибериј му ги подарила Марија Магдалена, која во Рим дошла со порака за воскреснувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *