• Fri. Nov 22nd, 2024

Денес cе празнува Денот на македонскит јазик

Денес се празнува Денот на македонскиот јазик. Истиот е прогласен во чест на 5 мај 1945 година кога Народната влада на Народна Република Македонија ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.

Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата, потоа со замената на глаголицата со кирилца и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем.

Македонската азбука е официјално и единствено писмо на македонскиот јазик со службен статус на територијата на Република Северна Македонија.

Македонскиот книжевен јазик е јужнословенски јазик со една од најстарите книжевнојазички традиции и службен јазик во Македонија. Спаѓа во групата на јужнословенски јазици, а го зборуваат околу 3 милиони говорници во Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, Австралија и други земји.

Денот 5 Мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“ на 130. седница на владата, одржана на 16 април 2019 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *