Делегација од Општина Гевгелија, предводена од претседателот на Совет на Општина Гевгелија, Патрик Матх, присуствуваше во Пазин, Хрватска, на одбележувањето 80 години од град Пазин и 1040 години од првото спомнување на Пазин, односно Пазинскиот замок во пишаните документи Castrum Pisinum.
На средбата на делегацијата на Општина Гевгелија со градоначалничката на збратимената општина Пазин, Сузана Јашиќ и претседателката на Совет на Општина Пазин, Ена Перош, како и членови на администрацијата, покрај пренесените честитки од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, за 80-годишниот јубилеј, стана збор за проширување на соработката со Општина Гевгелија- како за размена на искуства од повеќе области, така и за аплицирање за финансиска поддршка на проекти во рамки на Интерег ИПА Адрион програмата. Која има за цел да го поттикнува развојот на политиката и иновациите во областа на управувањето и унапредувањето на еврпските интеграции, користејќи ги богатите природни, културни и човечки ресурси во опкружување на Јадранското и Јонското Море и зајакнување на економската, социјалната и територијалната кохезија во програмските активности.
Исто така, делегацијата на Општина Гевегелија беше дел и од свечената седница, како и културните активности организирани по повод Денот на Пазин.