Далија треба да им даде картони на струмичките тутунари за да го однесат во Радовиш
Тутунскиот комбинат Прилеп утре или задутре треба да го отпочне откупот на договорениот тутун од Далија табак од струмичките тутунари. Вака вели директорот на прилепскиот комбинат Кире Станкоски кој апелираше до тутунарите од овој дел на државата дека амбалажата односно картоните треба да ги добијат од Далија табак бидејќи така било договорено на средбата во министерството за земјоделство.