• Fri. Nov 22nd, 2024

Дали сте суеверни за „баксузниот“ петок 13?

Милиони луѓе ширум светот се плашат секој петок 13. Поради тоа, се откажуваат патувања, состаноци и други обврски. Но, кога и зошто почнавме да се плашиме од обичен ден?

Фобијата од петок 13, исто така, има официјално име трискадекафобија или страв од бројот 13, и параскевидекатриафобија или стравот од петок 13.

Во САД, меѓу 17 и 22 милиони луѓе се плашат од петок 13. Секој петок 13 во светот на бизнисот има загуба од околу 900 милиони долари, според Центарот за контрола на стрес и фобија во Северна Каролина (САД). Имено, многу претприемачи се плашат да летаат на тој ден и да договараат работа и тоа е главната причина за загубите.

Невозможно е една година да нема барем еден петок 13. Просечниот интервал помеѓу два такви петоци е 212 дена. Сепак, можно е да поминат 12 месеци без петок 13. Всушност, најдолгиот таков период траел 14 месеци – од 13 јули 2012 година до 13 септември 2013 година.

Повеќето облакодери во светот немаат 13. кат. Обично се нарекува ’12А’ или гостите едноставно немаат пристап до него. Многу хотели и болници немаат соба со број 13.

Хорор-серијалот Friday the 13th има 12 продолженија.  Филмската сага „Петок 13“ се состои од 12 филмови, при што последниот е римејк на првиот. Можеби самите автори на франшизата се плашеле од 13. продолжение.

Познати личности родени на петок 13. На „кобниот петок 13 се родија близначките Мери Кејт и Ешли Олсен, Џули Луис Драјфус, Стив Бушеми, Кристофер Пламер, Кет Денингс … На тој ден во август 1899 година, се роди познатиот режисер Алфред Хичкок. Да успееше да наполни 100 години, на петок 13 ќе го прославеше својот 100. роденден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *