• Thu. Nov 21st, 2024

Дали социјалните мрежи ги изложија децата на поголема опасност од педофилија и сексуално малтретирање?

Едукација наместо забрани за социјалните мрежи кај децата, родителите да се посветат повеќе на воспитниот процес кај децата и да бидат внимателни кога споделуваат фотографии и видеа од своите најмили, бидејќи од другата страна на екранот во секој момент демнеат над 700 илјади педофили.

Децата имаат потреба да бидат видени и прифатени од своето опкружување па токму затоа од најголема важност е родителите редовно да разговараат со нив, вели училишниот психолог Ана Попризова

За време на летните одмори, родителите не внимаваат на опасностите од споделувањето фотографии од своите деца, па така некогаш си дозволуваат да објават содржини кои можат да наштетат на приватноста на децата, токму затоа неопходно е родителите да бидат добро информирани за сите закани, но и начините за нивно спротивставување.