Недостига огревно дрво во Струмица. Граѓаните се жалат дека не им се испорачуваат договорените количини огревно дрво, но и дека тешко се доаѓа до нов договор со шумското стопанство „Беласица“. Со зголемувањето на цените на енергенсите голем број домаќинства од регионот го префрлуваат греењето на дрва, но, пак се загрижени како ќе биде оваа зима.
Од шумското стопанство „Беласица“ велат дека нема простор за паника. Имало доволно огревно дрво и ќе стигне до граѓаните.
Во струмичкото јавно претпријатие „Струмица гас“ потврдуваат дека е намален интересот за приклучоци од страна на домаќинствата. Ова е особено затоа што сѐ уште не се знае и колкава ќе биде цената на компресираниот гас во текот на зимските месеци.
На гас се греат локалните институции, училиштата во Струмица, но и голем број домаќинства и индустриски капацитети во Струмица.