• Fri. Nov 22nd, 2024

Да се зголемат цените на тутунот за новата реколта

Според податоците кои ги имаат од Министерството за земјоделство, се откупени 18 700 тони тутун по просечна цена од 203 денари за килограм.Да се зголeмат цените по класи во сооднос со трошоците на производството пред потпишувањето на новите договори, да се израмнат субвенциите, линеарно, за сите класи на 90 денари, вклучувајќи ја и дополнителната класа, како и вклучување на тутунарите во мерката зелена нафта, бараат од новоформираните тутунски здруженија од Пелагонискиот регион. Тие вечерва одржаа трибина во Прилеп со наслов „Тутунопроизводството – проблеми и решенија”.

Според Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија, ова ќе се актуелизира во сите производствени региони во државава, токму во периодот пред да се потпишат новите договори.

– Вакви трибини ќе одржиме во сите поголеми градови. Нашите барања се реални за да биде рентабилно тутунопроизводството. Сега работиме со загуби. Просечната цена едвај достигна 200 денари, а нашите трошоци се 217 денари. Вака не е е одржливо. Затоа ќе ги доставиме совреме нашите барања, изјави Мирчески.

Досега, велат тутунарите, според податоците кои ги имаат од Министерството за земјоделство, се откупени 18 700 тони тутун по просечна цена од 203 денари за килограм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *