• Sat. Nov 23rd, 2024

Црвен крст Струмица отвора броеви за донации за ранлива категорија на граѓани

crven krst

Организацијата на Црвен крст Струмица традиционално ја одбележува Неделата на солидарноста од 19 до 25 Април. Оваа година акцијата ќе се одвива под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“.

Целта на оваа акција е да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка и да се обезбеди соодветна помош за најранливата категорија на население.Со оглед на актуелната состојба со Ковид19, ги повикуваме граѓаните и правните лица да помогнат исклучиво со донирање на парични средства заради безбедноста на сите нас. Паричните средства може да се донираат: Со повик на мобилните телефонски броеви – донација од =100 денари: 070/075/077-143-400 .

Со уплата на средства на сметката на фондот на солидарноста на Црвен крст на РСМ 300 0000013279 66 Депонент Комерцијална банка, ДБ4030984271620 Средствата се наменети за набавка на пакети со храна за помош на ранливо население во заедницата.Со секоја донација овозможувате да се помогне на што поголем број на семејства на кои таа помош им е неопходна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *