Општинската организација на Црвен крст Гевгелија од денеска е во нови простории. Организацијата ќе има нов и целосно опремен простор во кој волонтерите ќе имаат соодветни услови да ја вршат нивната хуманитарна работа.
Отворањето на новите простории го честиташе и градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, кој рече дека оваа организација станува лидер во регионот.
„Денес идејата на членовите на Црвен крст е реализирана и имаат простории со нов лик. Важноста на овој нов објект е од големо значење, бидејќи ќе ја подобри функционалноста на Црвениот Крст, а со тоа, се овозможува Гевгелија да се гради како општествено одговорен и хуман град“, напиша Сарамандов.
Општина Гевгелија со Општина Богданци и Црвениот Крст Гевгелија, заедно го добија проектот “Подобрување на социјалните услуги“ во износ од 7.538.848 денари, проект со кој лицата со посебни потреби ќе добиваат помош од страна на обучени Лични асистенти.