• Fri. Nov 22nd, 2024

Црна Гора седма во светот по бројот на починати од ковид

Црна Гора седма во светот по бројот на починати од ковид. Со 186 смртни случаи од коронавирус на 100.000 жители, е на седмото место во светот по бројот на починати од Ковид-19, според Светската здравствена организација.

Првата жртва на коронавирус во Црна Гора е регистрирана на 22 март минатата година, а од тогаш починале 1.199 лица.

Најголем број на смртни случаи се регистрирани во февруари годинава – 210.

И покрај ваквите податоци, Министерството за економски развој соопшти дека границите на Црна Гора ќе останат отворени, пренесува РТЦГ.

„Црна Гора во центарот на вниманието во сите руски медиуми! Нема затворање на границите, сезоната ќе ја дочекаме подготвени“, објави Министерството на „Твитер“.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *