На 29 декември струмичани го пречекуваат караванот на Coca Cola. Од 10 до 22 часот на 29 и 30 декември, Coca Cola караванот носи игри, вкусна храна и персонализирани подароци директно од Дедо Мраз.
За време на дружењето, посетителите можат да му пишуваат писма на Дедо Мраз, да си направат селфи со него, да подарат персонализирано шише Coca-Cola на своите најблиски и да си изработат вистинска новогодишна разгледница. Караванот носи и многу други активности.
Од 16:00 часот, забавата на плоштадот Гоце Делчев ќе одекне со хармоничните гласови на хорот од музичкото училиште „Боро Џони“ кој ќе ги запее нашите омилени божиќни песни.